Полицијата во Индонезија трага по руска актерка и манекенка чија порноснимка, направена на врвот на светата планина Батур на островот Бали, стана вирална пред да биде избришана, но во исто време предизвика и скандал во конзервативната земја.
Снимката од Вероника Трошина и нејзиниот партнер, на која се гледа како двајцата се вклучени во експлицитен сексуален чин, ги разгневи локалните жители во Бали, а пред да биде симната од неколкуте порно сајтови на кои била прикачена, ја виделе над 1,2 милиони луѓе.
Доколку полицијата ја пронајде Трошина, на интернет позната како Mihanika69, таа и партнерот се соочуваат со затворска казна до две години и осум месеци за престапот, кој во Индонезија се нарекува „непристојно однесување во јавност“.
Ваквото однесување на туристите е честа појава на Бали, кое е популарно летувалиште за Русите. Во август лани, властите открија дека поради оваа причина, од островот биле протерани 59 луѓе од 29 земји, а десетмина од нив биле Руси.