Русин тврди дека живеел на Марс: Марсовците се високи над два метри и дишат јаглерод-диоксид

Од:

Момче кое што стана познато на светската јавност откако на само неколку месеци можеше течно да говори и да пишува, сега има 21 година и тврди дека е Марсовец кој што повторно се родил на Земјата.

Боришка Кипријанович тврди дека во претходниот живот живеел на Марс додека не започнала војна која што го уништила животот на планетата.

Неговите родители тврдат дека зборувал за вонземски цивилизации уште откако бил дете и покрај тоа што тие никогаш претходно не му зборувале за тие теми.

Боришка кажува дека ја посетил Земјата додека работел како пилот на Марс и дека имал блиски контакти со Египјаните. Тој тврди дека животот на Земјата значително ќе се промени кога ќе се „отклучи“ Големата пирамида користејќи механизам кој што се наоѓа позади увото на Сфингата.

Тој сега живее во Волгоград, а неговата појава предизвикува големо вниманија помеѓу теоритичарите на заговори кои не ги отфрлаат неговите приказни. Кога го испрашувале за животот на Марс, тој рекол дека Марсовците старееле до 35 години и дека после тоа биле бесмртни. Сепак, нуклеарна војна предизвикала катастрофа и го збришала животот на планетата.

– Не се плашиме од смртта бидејќи живееме вечно. Се случи огромна катастрофа додека живеев на Марс. Луѓето како што сум јас и понатаму живеат на Марс. Изби нуклеарна војна помеѓу нив. Се изгоре. Само неколку преживеаја. Изградија нови скривалиште и направија ново оружје, вели Кипријанович.

Тој кажува дека Марсовците во просек се високи 215 центиметри и дека може да дишат јаглерод-диоксид и дека се уште живеат таму, под површината. Исто така, додава дека технолошки се многу понапредни од нас и дека патуваат и до други галаксии.

Мајката на Боришка тврди дека нејзиниот син можел да чита и пишува кога имал само неколку месеци. До неговата прва година читал весници, а од две години веќе и цртал.

– Никој ништо не го научи. Уште од кога беше мал започна да ни кажува факти за Марс, планетарните системи и другите цивилизации, вели таа.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов