Робот диригираше со оркестарот во Сеул

Од:

Андроидниот роботот EveR 6 диригираше со јужнокорејскиот национален оркестар во петокот вечерта во Сеул, за прв пат во историјата на земјата. Роботот со две раце, дизајниран од Корејскиот институт за индустриска технологија, го имаше своето деби во Националниот театар на Кореја, предводејќи ги музичарите на националниот оркестар.

Роботот со хуманоидно лице прво се поклони пред публиката, а потоа почна да диригира.

„Движењата на диригентот се многу детални“, рече Чои Со-Јул, кој диригираше покрај роботот.

„Роботот ги изврши деталните движења многу подобро отколку што мислев дека може.

Но, неговата „критична слабост“ е тоа што не може да слуша музика, додаде тој. Роботот диригираше три од петте дела, еден со Чои.

„Тоа беше рецитал кој покажа дека роботите и луѓето можат да коегзистираат и да се надополнуваат еден со друг наместо да ги менуваат улогите“, рече Чои по концертот.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Доаѓа револуција: Маск наскоро ќе претстави робот кој може да ви биде пријател

А1он

УНЕСКО донесе прв меѓународен документ за вештачка интелигенција

А1он

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска

Русите прават робот што ќе тестира за Ковид-19

Жарко Настоски

ВИДЕО: Гандаму – новиот јапонски џин од речиси 20 метри

Ана Ололовска