Револуционерно откритие: Научниците добија матични клетки од клонирани човечки ембриони

Од:

Американски научници од Орегонскиот универзитет за медицина и наука успеаја да добијат матични клетки од клониран човечки ембрион, што е долго очекувано и револуционерно достигнување со кое се отвора можност за нов начин на лекување болести како што се Паркинсонова, дијабетес, оштетувања при срцев удар и други.

Матичните клетки можат да се развијат во кои било телесни клетки па научниците се заинтересирани да ги искористат за создавање ткива со кои би се лекувале разни болести.

Со трансплантирањето на ткиво добиено на тој начин може да се лекува Паркинсонова болест.

Трансплантираното ткиво, меѓутоа, може да биде отфрлено па експертите пред десетина години предложија од матични клетки да се развие ткиво кое би имало ДНК на пациентот, што би се постигнало со постапка која е наречена „терапевтско клонирање“.

Доколку ДНК на пациентот се внесе во човечка јајце клетка, која потоа би се развивала до ран ембрионален статус, матичните клетки на тој ембрион би обезбедиле ткиво за трансплантација целосно идентично со она на пациентот, кое теоретски гледано, неговиот организам не би го отфрлил.

Оваа идеја наиде на некои етички приговори, бидејќи собирањето матични клетки би подразбирало уништување на човековиот ембрион.

Научниците веќе со години се обидуваат да добијат матични клетки од клонирани човечки ембриони, но проблемот беше во тоа што ембрионите престанувале да се развиваат пред да се произведат матични клетки.

Еден јужнокорејски научник во 2004 година објави дека добил матични клетки од клониран човечки ембрион, но се утврди дека тоа тврдење е лажно.

Сега тимот од Орегон, кој раководел Шухрат Миталипов, успеал да добие матични клетки од шест ембриони настанати од донирани јајце клетки. Два од тие ембриони добиле ДНК од клетки на кожата од дете со извесно генетско пореметување, додека останатите добиле ДНК од клетки на кожата на фетусот.

Миталипов вели дека врз основа на претходната работа врз мајмуни, верува дека овие ембриони не би можеле да се развијат во клонирани човечки бебиња, како и оти не е заинтересиран да го проба тоа.

Доктор Џорџ Дели, експерт за матични клетки од бостонската Детска болница, напоменува дека научниците сега треба да го споредат овој пристап за создавање матични клетки со друга техника, која се базира на директно репрограмирање на клетките на крвта или кожата во супститут на ембрионски матични клетки.

Овој пристап е технички поедноставен и за него не се потребни ембриони, ниту донирање јајце клетки, па е дочекан со голем ентузијазам кога во 2007 година е обелоденет, а Јапонецот творец на оваа техника за ова достигнување доби Нобелова награда.

Се покажало, меѓутоа, дека вака добиените супститути на матични клетки имаа некои молекуларни разлики во однос на ембрионските, па се поставило прашањето дали можат безбедно да се користат за лекување на пациенти.

Дели смета дека експертите генерално повеќе би ја користеле техниката на репрограмирање, освен доколку „без и трошка сомневање“ не докажат дека клонираните ембриони даваат подобри матични клетки за лекување пациенти.

Миталипов истакнува дека матичните клетки добиени со неговата техника би можеле особено добро да се покажат во лекување на заболени од ретки болести предизвикани со мутации во гените на митохондриите, кои претставуваат „клеточни енергани“.

За разлика од матичните клетки добиени со репрограмирање, оние добиени од клонираните човечки ембриони, би можеле да го обезбедат ткивото на новите митохондријални гени, кои би ги замениле оние што се дефектни. Тие нови гени би потекнувале од јајце клетките појаснува Миталипов.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он