Социјалната мрежа „Инстаграм“ дојде до одговор кој е парот од фотографијата која предизвика голема љубопитност кај луѓето ширум светот.
На фотографијата се гледа запросување на пар на врвот на планината Орегон, а истата ја направил случаен минувач и ја објавил на „Инстаграм“.
Корисниците на интернет започнаа потрага по овој заљубен пар и ги идентификувале како Алекс Генситски и Кејти Верковод, кои потекнуваат од Вашингтон.
Тие во тој момент мислеле само на нивната љубов и не биле свесни дека некој ги набљудува и дека на интернет ќе се појави фотографија од нивното запросување.
-Како што се приближувавме до врвот, мојата нервоза раснеше. Кога стигнавме до дестинацијата, над нас се пушти магла и јас се спуштив на коленото и ја запросив својата сакана- изјавил Генситски.
Тој додал дека не сакал околу нив да има луѓе, бидејќи сакал оваа мала претстава да ја има само за себе и дека венчавката би требало да се одржи идната година.
Е. Г.