Професорот по фармакологија и токсикологија на универзитетот во Тексас, Др. Рубен Гонзалес, низ едно истражување дојде до мошне интересни резултат во однос на конзумирањето на алкохол и последиците.
Пивото пред жестоките пијалоци
-Доколку цела вечер пиете пиво, тоа е како споро да возите со автомобил. Доколку после тоа започнете да пиете жесток пијалок со исто темпо, тоа е како веднаш да сте забрзале. Вашата уста можеби нема да ја знае разликата, но телото сигурно ќе ја знае – вели Гонзалес.
Од друга страна, тврди Гонзалес, ако започнете да пиете жесток пијалок нема да се отрезнете брзо доколку одеднаш прејдете на пиво.
Алкохолот го намалува стресот
Треба да се испие сѐ на се 20-30 ml жесток пијалок или 40 ml вино или мартини. Малите дози ја ублажуваат внатрешната напнатост и му помагаат на човекот да се опушти. За жал, луѓето за таа цел користат многу поголема количина на алкохол, што може да предизвика две можни сценарија. Прво да доведе до зголемување на заморот, влошување на расположението и појава на депресија која го зголемува чувството за омалаксаност и изнемоштеност. Второто сценарио подразбира алкохолна еуфорија која исто така неизбежно завршува со депресија. Ни во едниот ни во другиот случај нема ослободување на стресот, само негово одложување.
Алкохолот ја зголемува работната способност
Австралиските научници неодамна докажале: кај пијаните луѓе навистина се зголемува брзината за мисловните реакции и движења, но тоа се реакции, а движењата најчесто се погрешни. Освен тоа, дури и малите дози на алкхолот предизвикуваат пад на концентрацијата и намалување на квалитетот на работата на мозокот..
Мешање на алкохол
Поголемиот дел од луѓето сметаат дека мешањето на пијалокот А со пијалокот Б резултира со катастрофално дејство на организмот и мозокот. Тоа баш и не е така, бидејќи не се случува никаква хемиска реакција помеѓу алкохол како пивото, виното или друг жесток пијалок поради кој другиот ден се чувствуваме лошо. Она што е важно е количината на алкохол која ја консумираме.
Алкохолот го зголемува апетитот
Благо чувство на глад создаваат само јаките пијалоци и тоа во мала количина: 20-25 ml ракија го активира центарот за ситост. Целиот процес трае 15-20 минути, па нема потреба да се пие непосредно пред јадење, бидејќи глад не може да се појави за тие неколку секунди. Освен тоа, алкохолот агресивно делува на празен желудник бидејќи ги зголемува киселините. Така само се јавуваат услови за гастритис.