Зголемената концентрација на лизосомални протеини во крвта може да укажува на присутност на Алцхајмерова болест и десет години пред појавата на првите симптоми, пишува стручното списание „Neurology“.
Станува збор за протеини кои учествуваат во отстранување на материјали на оштетените нервни клетки, појаснуваат научници од Универзитетот Калифорнија.
Раното откривање на Алцхајмерова болест значително ги зголемува изгледите за поуспешно лекување.
Сега ќе биде и олеснета потрагата по лекови наменети за лица кај кои Алцхајмеровата болест е на самиот почеток.
Новите наоди се темелат на примероци собрани од 20 лица со Алцхајмерова болест и 46 здрави лица.