Работи кои мора да ги знаете за темната страна на интернетот

Од:

Бука – Сараево

– Се вика Deep Web и се претпоставува дека дури 500 пати е поголем од видливиот интернет.

Deep Web е опасно, страшно, а понекогаш и илегално место. Ако не знаете што правите, не треба да го посетувате, а ако сепак сакате ќе мора да преземете посебен пребарувач за да му пристапите. Сепак, пред да се одлучите на тој чекор прочитајте 5 работи кои мора да ги знаете за Deep Web.

1. Продажба на банкарски картички
Атлантик Кардинг е локација на Deep Web на која можат да се купат информации за туѓи кредитни картици, адреси и слични приватни информации. Цените се движат од 5 до 80 долари. Колку повеќе ќе платите, толку подобри информации ќе добиете.

2. Кражба
Buttery Bootlegging е место на кое можете да порачате од професионални клептомани за вас да го украде саканиот предмет. Едноставно му плаќате во Биткоини и тој кога ќе го украде предметот, како доказ за извршената работа, објавува фотографија на предметот кој сте го порачале.

3. Порачки на платени убијци
Deep Web е место на кое на разни локации може да се порача платен убиец. Работата се плаќа во Биткоини, а просечна работа чини до 25.000 евра, додека горна цена за богатите жртви не постои. Порачателот и убиецот остануваат анонимни, а жртвата не може да биде помлада од 16 години, ниту да биде политичар на водечка позиција, без оглед за која земја се работи.

4. Продажба на илегално оружје
ЕА е страница на која може да се купи оружје кое се доставува само на подрачјето на Европската унија. Сепак, по овој пат не може да се порача и муниција.

5. Експерименти на луѓе
Лекари, студенти по медицина и медицински персонал работат грозни експерименти на луѓе, кои вклучуваат прегладнување, зараза со болести, тестови на толеранција на болка, стерилизација… Жртвите главно се бездомници кои ги држат во ќелии во напуштени магацини и згради, пишува toughcatalog.com.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски