Франција од синоќа го пушти во употреба новиот Интернет пребарувач „Qwant“, замислен како достоен конкурент и можен заменик на „Гугл“.
Оригинално кај новиот пребарувач е тоа што по пребарувањето на одредна тема резултатите се подредени во неколкукатегории, како што се заеднички референци, интернет страници, новинарски страници, социјални мрежи и страници за Интернет трговија, што го содржат бараниот термин.
Над петте категории се наоѓаат и видео записи што го содржат бараниот термин.
– Човек треба да е луд, да сака да го замени Гугл. Тоа е невозможно, затоа ние одлучивме да направиме нешто поинаку, да понудиме поинаков пребарувач, што не е само пребарувач, изјави Ерик Леандри, од компанијата што стои за новиот пребарувач „Qwant“.
Пребарувачот беше во фаза на тестирање од февруари годинава. Конечната верзија е достапна на 25 јазици во 15 земји. Во четиримесечниот тест период „Qwant“ привлече 3,5 милиони посетители и регистрира 250 милиони пребарувања.
Според Леандри 70 проценти од посетителите повторно се враќаат на пребарувачот по првата посета.
Пребарувачот моментално има 20 вработени, а финансирањето изнесува 2,8 милиони евра. Компанијата е регистрирана во Франција, бидејќи серверите се лоцирани во Франција, а 80 проценти од капиталот е обезбеден од нејзините француски основачи.