Пушењето е скапа забава

Од:

Едно истражување спроведено во Пенсилванија покажа дека пушачите во текот на животот заради таа навика трошат 1,4 милиони долари.

Овој податок е пресметан врз основа на податоците за лицата кои пушат една кутија цигари од 18 години, а умираат на 69 години.

Со цената на цигарите, истражувачите во вкупната сума ги пресметале и трошоците за лекување од последиците на пушењето, изгубените работни денови заради болестите поврзани со пушењето и високите цени на осигурувањето за пушачите. Инаку, на почетокот истражувањата покажаа дека пушачите заработуваат просечно 20 отсто помалку од непушачите.

Заради високите цени на цигарите во другите сојузни американски држави, вкупната цена на пушењето може да биде и многу повисока, па така за пушачите на Алјаска изнесува повеќе од два милиони долари.

Би можело да ве интересира

Меџити: Мора да се одвикнеме од пушењето, лекувањето е поскапо за болестите што тоа ги предизвикува

Орце Костов

Меџити најави ригорозни мерки против пушењето во 2024: Нека си ја мислат пушачите

Негувателка во градинка во Велес им дала на децата да пробаат електронски цигари: Суспендирана е од работа

Орце Костов

(ВИДЕО) Царинска управа: Запленети 120 килограми тутун и 19 илјади парчиња цигари

Горан Наумовски

Во Федерацијата Босна и Херцеговина од денеска нема пушење на затворени јавни места

Гевгеличанец се обиде да шверцува голема количина цигари без документација