Откако Мајкрософт ги заврши правните работи околу преземањето на Нокиа, компанијата сега планира да го претстави својот прв смартфон.
Првиот смартфон од Мајкрософт ќе биде Нокиа моделот Лумиа со кодно име Супермен. Една од главните карактеристики ќе биде камерата од пет мегапиксели на предниот дел на уредот.
Новата Лумиа Супермен на пазарот ќе се појави со 4,7 инчен екран и надограден Виндоус Фоун 8.1. оперативен сситем кон крајот на годинава.
Освен тоа Мајкрософт работи на уште три Виндоус Фоун 8.1. уреди, меу кои и моделот со кодно име „Голдфингер“ што се очекува да биде „флагшип“ телефон.