Пронајден лек кој спречува пренесување на ХИВ вирусот

Од:

Научници од Лондон пронашле лек кој го намалува ризикот од пренесување на ХИВ вирусот.

Испитувањето вклучува 1.000 парови, каде еден од партнерите бил заразен со вирусот.

Кога биле под терапија на новиот лек за спречување на пренос на вирусот, откриено е дека вирусот не бил пренесен од заразениот партнер, дури и кога не била користена заштита.

– Тоа е брилијантно! Фантастично! Ова во голема мера го решава проблемот. Нашето откритие дава конкретни докази за хомосексуалците дека пренесувањето на ХИВ може да се намали и да сведе на нула. Ова може да ја спречи пандемијата на ХИВ преку спречување на ширењето на болеста, вели Професор Алисон Роџерс од универзитетот во Лондон.

Научниците велат дека ова откритие треба да ги охрабри сите да се тестираат за ХИВ и да започнат со терапија доколку е потребно. Посебно внимание треба да се посвети на мажите кои се во сексуални односи со мажи.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска