Пронајден еден од најретките китови на светот

Од:

Еден од најретките видови на китови во светот е пронајден на брег во Нов Зеланд. Всушност се работи за две мртви тела и тоа едно на мајката, а другото на нејзиното младенче, насукани на плажа во Нов Зеланд.

Китот е од видот на Mesoplodon traversii, слабо познат вид на клунест кит, за прв пат октриен во 1872 година, кога се пронајдени коски на оддалечен остров во Пацификот, но оттогаш никој не видел таков вид.

За 140 години откако ова најмистериозно морско суштество е за прв пат откриено, единствени знаци дека и понатаму постои се остатоците од ваков кид, пронајдени на Нов Зеланд во пеесетите години и во Чиле 1986-та година.

Се претпоставува дека овие китови живеат на голема длабочина во океанот во Пацификот и ретко излегуваат на површината. Долги се повеќе од 5 метри, се хранат со лигњи и мали риби.

„Ова е прв пат, овој вид на кит да го видиме во потполност. Имавме среќа да најдеме два од нив“, велат од Универзитетот Окланд.

„До сега се што знаеме за овие китови поттекнуваше од остатоците пронајдени на Нов Зеланд и Чиле. Неверојатно е што не знаеме скоро ништо за толку големи цицачи“.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија