Црвениот крст на Тајланд, со финансиска поддршка на УСАИД, денеска во Бангкок го промовираше првиот центар во Азија за здравствени услуги на лицата што сакаат или имаат потреба, да го сменат полот.
Ова се смета за значаен чекор за помош на трансполовата заедница на која и припаѓаат голем број жители на азиските држави околу Екваторот.
Овој специфичен здравствен центар ќе обезбедува професионални медицински услуги, како што се психијатриски совети, хормонска терапија, пап тестови и хируршки интервенции за конечна промена на полот.
Покрај основната намена, како важна компонента на значењето на овој здравствен центар, се смета и на негов придонес во намалување на ширењето на ХИВ вирусот.