Пролетен Веро Вино фест во Скопје

Од:

Во организација на Веро центарот вечер почнува фестивалот на виното. Следните пет дена, посетителите, освен што ќе имаат можност да запознаат со вкусовите на домашните вина, ќе уживаат и во храната и музиката.

– Минатата година овој фестивал иако го доживеа своето дебитантско искуство, се покажа како вистински погодок бидејќи побуди голем интерес, а ние се потрудивме да овозможиме одлична атмосфера вредна дружењето и оваа година да го повториме. Успеавме на едно место да собереме дури 10 домашни производители на вина, а за уживањето да биде комплетно поканивме четири различни производители на сирења и сувомесните призводи.

– Очекуваме и оваа година заедно со сите љубители на доброто вино да бидеме дел од овој фестивал на уживањето, изјави генералниот директор на Веро, Костас Теодосијадис.

Во рамки на фестивалот предвидени се настапи на повеќе актуелни музички бендови , Нокаут, Тони Китановски и Черкези, Фолтин, Чалгии, Аир Стрингс, Пеперминт,… Во недела, на 12 мај, концерт ќе одржи новосадската акустична сензација Фрајле.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор