Пристигнува новиот Нексус 5

Од:

Новиот смартфон Нексус 5 на „Гугл“, што на пазарот се очекува до крајот на октомври, ќе го произведува Ел-Џи, ќе се полни безжично и ќе работи на оперативниот систем Андроид КитКет.

Аналитичарите очекуваат ова да биде најмоќниот телефон на пазарот, со три гигабајти работна меморија.

Официјални податоци за карактеристиките не телефонот се уште нема, но сепак познато е дека нема да има надградлива меморија, а ќе биде достапен во неколку верзии со 16, 32 и 64 Гигабајти меморија.

Нексус 5 се очекува да има камера од 13 мегапиксели на задната страна, Квалком Снепдрагон 800 процесор со 2,3 гигахерци и три гигабајти работна меморија. Со овие карактеристики новиот смартфон на Гугл ќе биде најмоќниот смартфон на пазарот.

Според аналитичарите цената ќе се движи од 499 долари, а продажбата се очекува од крајот на октомври.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска