Компанијата Ел-Џи на европскиот пазар ќе го претстави почетниот модел на смартфон Ф70 со Андроид 4.4 КитКат оперативен систем.
Станува збор за почетен модел од средна класа со поддршка за 4Г ЛТЕ мрежа.
Смартфонот доаѓа со четиријадрен Снапдрагон 400 процесор со брзина од 1,2 гигахерци, 1 ГБ работна меморија, камера од 5 мегапиксели на задниот дел и 0,3 мегапиксели на предниот, како и 4 ГБ слободен простор за чување податоци.
Екранот е 4,5 инчен ИПС со резолуција од 800х400 пиксели. Батеријата има моќност од 2440 мили ампер часа.