Пристигна во Рим во најскап стајлинг, а на погребот на папата беше непрепознатлива

Од:

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, се појави цела во црно на погребот на папата Франциск, додека Доналд Трамп носеше темно син костум во комбинација со бела кошула.

Меланија Трамп и Доналд Трамп, заедно со многу други светски лидери и делегации од целиот свет присуствуваат на погребот на папата Франциск во Рим, каде што римокатоличкиот лидер ќе биде испратен во вечно почивалиште.

Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија пристигнаа во Рим во петокот вечерта со претседателскиот авион, а по церемонијата нема да останат во Италија, туку ќе се вратат во Америка.

Веднаш по слетувањето во Рим, стајлингот на првата дама, која изгледаше расположена и денес го слави својот 55-ти роденден, привлече големо внимание од публиката.

Тоа е истата гардероба во која се облече на „The Force One“ во Америка, и е составена од парчиња од некои од најпрестижните модни куќи во светот.

Меланија носеше бел капут од модната марка „Долче и Габана“ чија цена е околу 3.500 евра. Таа се одлучи за удобни чевли, овој пат балетанки „Роже Вивиер“, кои можат да се најдат за 650 евра, а чантата е најскапиот детаљ на неа; „Хермес Кели“ од дури 28.000 евра.

Меланија Трамп се појави на церемонијата на последното збогување на папата Франциск, на која присуствуваа околу 200.000 верници собрани на улиците на Рим, во, како што се очекуваше, целосно црна гардероба.

Таа носеше скапоцен капут со црни чевли со висока и екстремно тенка потпетица, додека на главата имаше и црн превез, како и шминка соодветна за денешниот настан и целокупниот аутфит.

Доналд Трамп носеше темно син костум со бела кошула и црни лакирани чевли, а цело време ја држеше сопругата за рака.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Рим – има тешко повредени

А1он

Почина Чак Норис

Кинескиот Нострадамус го предвиде крајот на војната со Иран, глобалниот поредок ќе се промени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Синот на Меџик Џонсон откри како реагирал кошаркарот кога му кажал дека сака мажи

Предраг Петровиќ

Драма меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница: Сакал да ја однесе ќерка си во Америка, таа повикала полиција

Предраг Петровиќ

Трогателна исповед на младата Ева: Наметнатите комплекси од училиште ја доведоа до анорексија

Предраг Петровиќ