Принцот од Монако Алберт Втори ќе стане татко

Од:

Принцот Алберт Втори и неговата сопруга Шарлен наскоро ќе станат родители, соопшти кралството на Монако.

– Принцот Алберт Втори (56 години) и принцезата Шарлен, која е 20 години помлада, „имаат голема радост да ви соопштат дека чекаат среќен настан“, соопшти палатата на принцот.

Породувањето на Шарлен се очекува кон крајот од годинава.

За среќниот настан се слушаа гласини веќе подолго време во Монако. Минатата недела за време на посетата на Карладе, која на времето беше под власта на принцот од Монако, во Кантал, Шарлен мораше да се повлече од јавноста поради „замор“.

Од раскошната свадба во јули 2011 година пред 800 гости и безброј телевизиски гледачи, жителите на Монако со нетрпеливост го очекуваа наследникот на престолот. Папараците неуспешно се обидуваа да ги забележат евентуалните промени на поранешната олимписка пливачка.

Принцот Алберт има веќе две други деца родени надвор од бракот, а идното новороденче ќе биде првото кое може да претендира за наследство на престолот, продолжувајќи ја династијата Грималди стара 700 години. Со уставната реформа од 2002 година, престолот може да го наследи и женскиот пород на принцот.

Принцезата Шарлен која денес има 36 години пред една година изјави дека е подготвена да има деца, откако успеа да се прилагоди на нејзината нова функција.

Би можело да ве интересира

Монако го купува Минамино

А1он

Белгиецот Клеман седна на клупата на Монако

А1он

Принцезата Шарлин од Монако закрепнува надвор од кнежевството

Ана Ололовска

Принцезата Шарлин се врати во Монако, но нејзиното заздравување сѐ уште трае

Ана Ололовска

Принцезата Шарлин со месеци не е во Монако

Ана Ололовска

Четиригодишно дете со Бентли прегази пешак во Монако