Принцот Хари: Лага е дека сум убил 25 талибанци

Од:

Во изјава за американската телевизија, Хари ги обвини новинарите дека ги извадиле неговите зборови од контекст, наведувајќи дека тоа го загрозило неговото семејство.

Британскиот принц Хари изјави дека тврдењата дека се фалел дека убил 25 талибански борци додека бил на должност во Авганистан во новообјавените мемоари се опасна лага, јавува Би-Би-Си.

Војводата од Сасекс, кој во војската беше познат како „Капетан Велс“, напиша дека убиените не ги гледа „како луѓе, туку како шаховски фигури кои треба да се отстранат од таблата, како лоши момци кои мора да се елиминираат“.

„Тоа не е статистика што ме прави горд, но ниту се срамам“, изјави принцот Хари.

Многу експерти се согласуваат дека има причини да се грижат за безбедноста на Хари по објавувањето на информациите за убиствата што ги извршил во Авганистан и сметаат дека поради тоа, но и поради неговото кралско потекло, тој лесно може да биде мета на терористите.

Принцот Хари истакна дека сака да го намали бројот на самоубиства на ветераните, да биде искрен за сопственото искуство во Авганистан и да им даде простор на ветераните да ги споделат своите искуства „без никаков срам“.

Би можело да ве интересира

Меган Маркл и принцот Хари се договорија да тргнат по својот пат

А1он

Принцот Хари е нервозен

Хари и Меган ѝ посакаа побрзо оздравување на принцезата Кетрин

А1он

Меган и Хари сакаат ново презиме за нивните деца

А1он

На принцот Хари му е одземена титулата на Неговото кралско височество

(ВИДЕО) Се огласи постарата жена со која принцот Хари ја загуби невиноста: „Траеше пет минути“

Предраг Петровиќ