Принцот Хари и Меган Маркл со уште една тужба против папараците

Од:

Принцот Хари и Меган Маркл покренаа правна постапка во САД, против засега неименуван фотограф, кој наводно, го снимил нивниот 14-месечен син Арчи со дрон. Тоа се случило над нивната куќа во Лос Анџелес за време на карантинот поради корона-пандемијата.

Двојката во тужбата наведува дека сликите се напад на нивната приватност.

– Секој поединец и член на семејство во Калифорнија има право на приватност во нивниот дом. Ниту еден дрон, хеликоптер или телескопски леќи не можат да го одземат тоа право, изјави нивниот адвокат Мајкл Камп.

Тој додаде дека Хари и Меган поднеле тужба за да го заштитат правото на нивниот син да ужива во својата куќа без „навала“ на новинари и да го спречат профитирањето од тие фотографии.

Би можело да ве интересира

Меган и Хари отворија нова веб-страница

Тејлор Свифт е прва, а Меган и Хари се втори „најголеми губитници“ оваа година

Горан Наумовски

Page Six: Војводата и војвотката од Сасекс моментално се разделени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Принцот Хари и Меган Маркл за малку ќе завршеа како принцезата Дијана: Папараците два часа ги бркаа низ Њујорк

Ана Ололовска

Децата на принцот Хари и принцезата Меган ќе ги носат титулите принц и принцеза

Кралот Чарлс ги покани Хари и Меган на крунисувањето: Двојката одби да потврди присуство на церемонијата