Принцезата Шарлин со месеци не е во Монако

Од:

Принцот од Монако, Алберт, по неколкумесечни гласини за наводни проблеми во бракот, проговори за неговата сопруга, принцезата Шарлин – „најтажната жена во светот“, како што ја нарекоа некои медиуми на денот на нивната венчавка. Шарлин со месеци е во родната Јужна Африка, а последен пат била видена во Монако во јануари годинава.

– Таа не го напушти Монако ненадејно. Таа не замина затоа што ми беше лута на мене или на некој друг. Отиде таму за да ја прегледа работата на нејзината фондација и заради малку слободно време со својот брат и пријателите, објасни принцот Алберт за списанието „Пипл“.

Но, тој додава дека иако посетата требало да трае една недела, таа морала да остане поради „болест и медицински компликации“.

Медиумите претходно пишуваа дека Шарлин и принц Алберт, наводно, се разведуваат.

Би можело да ве интересира

Монако го купува Минамино

А1он

Белгиецот Клеман седна на клупата на Монако

А1он

Принцезата Шарлин од Монако закрепнува надвор од кнежевството

Ана Ололовска

Принцезата Шарлин се врати во Монако, но нејзиното заздравување сѐ уште трае

Ана Ололовска

Четиригодишно дете со Бентли прегази пешак во Монако

Албер Втори го подигна општествениот статус на својата најмалата внука, Ками Готлиб

Ана Ололовска