Кинескиот производител на премиум смартфони Меизу, го претстави најновиот модел МХ4, што е развиен во соработка со компаниите ЈДИ, Шарп, Сони и Медиатек.
Меизу МХ4 има екран од 5,36 инчи со ФулХД, главна камера до 20,7 мегапиксели, осумјадрен процесор МТК6995, 2ГБ РАМ, батерија од 3100 мили Ампер часа и хај-фај аудио чип.
Уредот е тежок само 147 грама и работи на нов оперативен систем базиран на Андроид 4.4.4. ФлуМе4 КитКат. Меизу МХ4 ќе биде достапен во три бои: бела, црна и златна. Во Европа се очекува на почетокот на декември.