Светскиот лидер во иновации и дизајн денеска го претстави најновиот член на семејството ХТЦ смартфонот Уан мини 2.
– Најновиот член на семејството ХТЦ Уан претставува спој на елегантност и компактен изглед. Неговата големина и фино обработени страни даваат одлично чувство на држење во рака, истовремено изгледајќи одлично. Тоа е совршен избор за сите што се заљубени во легендарниот изглед на ХТЦ Уан, но сакаат нешто покомпактно, изјави Питер Чоу, генералниот директор на ХТЦ.
ХТЦ Уан мини 2 е достапен во сива и златна боја. Тој доаѓа со четиријадрен Снапдрагон 400 процесор со 1,2 гигахерци, 1 гигабајти РАМ меморија и 16 гигабајти меморија. Моделот работи на 4.4 верзија Андроид оперативен систем.
Новиот Уан мини 2 има камера од 5 мегапиксели на предниот дел, што го прави идеален за „селфи“ фотографии со висок квалитет. Камерата на задниот дел е со 13 мегапиксели резолуција. ХТЦ Уан мини 2 доаѓа со БумСаунд технологија што гарантира моќен, јасен и чист звук.