Претседателот на Управниот одбор на американската интернет компанија Јаху, Алфред Аморозо изјави дека поднесува оставка. Аморозо е осмиот член на Управниот совет на Јаху, кој ја напушти функцијата од почетокот на минатата година.
Мејнард Веб – помладиот ќе ја преземе привремено претседателската функција, а Собранието на акционерите, на кое ќе се избере новиот претседател ќе се одржи на 25 јуни.