Познати личности спиеја на отворено со бездомници и читаа приказни за лека ноќ

Од:

Илјадници луѓе во повеќе градови ширум светот спиеја на отворено, како дел од глобалните напори за собирање средства за решавање на проблемот со бездомништвото.

Меѓу активистите, кои ноќта ја минаа на отворено во Њујорк, Лондон, Единбург и Кардиф, имаше голем број на познати личности. Во центарот на Лондон, температурите беа околу 10 степени Целзиусови, со обилни врнежи од дожд, што се услови со кои бездомниците се соочуваат секој ден.

Приказната за лека ноќ во Лондон, ја прочита актерката Хелен Мирен. Во Единбург, актерот Брајан Кокс се приклучи на актерската екипа, а во Љујорк, актерот Вил Смит. Луиза Кејси, поранешен шеф на Владата за бездомни работи и една од организаторите на митингот, изјави за Би-Би-Си дека се надева оти ова ќе испрати симболична порака.

Таа истакна дека светот мора да се соочи со тоа дека постои промблемот на бездомниците, бегалците и раселените лица.

Организаторите се надеваат дека ќе соберат околу 50 милиони американски долари за добротворните организаци кои се занимаваат со проблемот на бездомниците. Националната служба за статистика објави дека бројот на бездомници во Англија, Велс и Северна Ирска се зголемил во последните години.

Планирано е и спиење на отворено во Бризбејн и во Даблин

Би можело да ве интересира

Ковид пандемијата го зголеми бројот на бездомници, поделени хуманитарни пакети во Пунктот во Момин поток

Ана Ололовска

Деца ја јадат храната која се остава на гробовите за Задушница: „Немаме што друго да јадеме“

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Бездомници се вакцинираат во Ватикан

Жарко Настоски

Експерт на ОН: Домувањето е прашање на живот или смрт во услови на пандемија

А1он

ВИДЕО: Светски ѕвезди преспаа на улица – одбележан глобалниот настан за ставање крај на бездомништвото

Кристијан Ландов

Во Брисел минатата година починале 67 бездомници