Повеќе од 110 илјади Бугари се болни од хепатит Ц

Од:

Повеќе од 110 илјади Бугари се болни од хепатит Ц, но само еден мал дел од нив знаат дека се заболени и се лекуваат, изјави денеска раководителот на Клиниката за гастроентерологија при универзитеската болница „Света Марина“ во Варна, Искрен Коцев.

Во светски рамки од хепатит Ц страдаат околу 170 милиони лица. Годишно околу три до четири милиони лица се заразиваат од вирусот на оваа болест. Смртноста од болеста е околу 500 илјади лица годишно.

Коцев изјави дека завршиле клиничките истражувања за нова револуцонерна терапија за лекување на хепатит Ц. Тој појасни дека новата терапија се прима перорално со лекови на американска компанија.

Компанијата поднела документи за регистрирање на лековите за оваа терапија, при што очекувањата се дека на почетокот на следната година тие ќе бидат одобрени во САД и ЕУ.

– Новото лекување е поскапо од оние кои досега се применуваат, но е доволно кратко, трае три месеци, вели Коцев.

Тој додаде дека ова лекување има од 91 до 95 проценти успешнот во лекувањето, додека со сегашните методи се лекуваат околу 70 отсто од заболените.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит