Тајванските доктори биле шокирани откако од желудникот на 20-годишна девојка извадиле десет сантиметри долго наливно пенкало кое стоело внатре половина година, пишува shanghaiist.com.
Поради болки во желудникот, кои според зборовите на девојката траеле шест месеци, лекарот и дијагностицирал депресија.
Меѓутоа, рендгенот ја откри вистинската причина, а пенкалото набрзо е извадено од нејзиниот желудник. Лекарите тврдат дека последиците можеле да станат кобни.
Девојката пенкалото најверојатно го голтнала после пијанство.