Американската полиција го уапси Дуан Кифт Дејвис кого го обвини за убиство на раперот Тупак Шакур кој беше убиен во 1996 година.
Полицијата во Лас Вегас го уапси 60-годишниот гангстер кој не криел дека бил на местото на злосторството пред 27 години.
Полицијата во Лас Вегас соопшти дека „тие се свесни дека многу луѓе мислеле дека не им е грижа да го решат ова убиство“, но исто така докажале дека истрагата никогаш не била прекината.
Дејвис самиот признал во интервјуа и во своите мемоари дека бил во автомобилот „кадилак“ кога се случило пукањето во септември 1996 година. Шакур беше застрелан во пукање во Лас Вегас во 1996 година.
Вчера, големата порота во Невада го обвини Дуан Дејвис (60) по една точка за убиство со смртоносно оружје. Полицијата вели дека тој го планирал пукањето во кое загина Тупак, откако неговиот внук бил вмешан во претходна тепачка со Шакур во казино. Дејвис вчера рано рано беше уапсен во близина на неговиот дом во Лас Вегас, а за неколку дена ќе се појави на суд.
Дејвис е член на калифорниската банда позната како South Side Compton Crips, која има страница на Википедија каде покрај неговото име, наместо занимање, вели дека е гангстер, а во текстот пишува дека бил вмешан во убиството на Тупак Шакур.