САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Од:

Соединетите држави ја препознаваат можноста да бараат од Украина да го признае губењето на територијата во замена за континуирана воена помош, изјави советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џејк Саливан во интервју за „Њујорк тајмс“.

„Точно е дека би можеле да ја спречиме помошта за Украина. Можеме да кажеме: Нема да добиете ништо друго освен ако не се согласите Русија да добие одреден процент од вашата територија“, рече тој.

Во исто време, Саливан нагласи дека Белата куќа не сака да го направи тоа.

„Мислам дека САД не треба да ѝ кажат на Украина: Само треба да се откажете. Ќе завршиме доколку не се предадете. Верувам дека ова е несоодветна употреба на американското влијание“, додаде функционерот.

Би можело да ве интересира

Пентагон: Израел ќе купи оружје од САД во вредност од 7,4 милијарди долари

Карим Кан, првиот човек на МКС е „погоден“ од американските санкции

Русија е подготвена за разговори за Украина

Зеленски: Подготвен сум за договор со САД за ретките метали

Нареден е притвор за заменик-градоначалникот на Киев и други градски функционери

„Дејли мејл“ го објави целиот план на Трамп за мир во Украина

Горан Наумовски