Порно индустријата „фати“ сифилис

Од:

„AIDS Healthcare Foundation“ соопшти дека порнографската индустрија во Америка привремено ќе престане да снима филмови поради појава на сифилис. Според нив заразата дошла од Европа:

„Прекинот на работата е на национално ниво. Постои сомневање дека болеста дојде од Европа по снимањата што се направија таму, па сега сите наши граѓани се загрозени“, изјави Марк Мек Грат.

Паузата ќе трае неколку недели бидејќи за инкубација на болеста се потребни 90 дена, а може да остане неоткриена дури и до девет месеци, објасни претседателот на АХФ, Мајкл Вајнштајн.

За само една недела регистрирани се пет нови случаи на заболени.

Сифилисот се лечи со антибиотици, но доколку не биде третиран на време може да предизвика трајни последици врз организамот на заболениот, вклучувајќи го мозокот и срцето. Освен преку сексуален однос болеста се пренесува и преку допир.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето