Поранешната сопруга на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе добива месечна алиментација во висина од три милиона евра месечно, одлучи судот во Милано, по тригодишната правна битка.
Вероника Ларо ќе добива по 100.000 евра дневно, три милиона месечно, додека на Берлускони му останува вилата во Милано што се проценува на 78 милиони евра.
Поранешната сопруга на еден од сè уште најмоќните луѓе во Италија, морала да потпише дека се откажува од сите права на недвижностите на Берлускони, како и од профитот на неговите компании.
Станува збор за таканаречен „развод без договор”, бидејќи Берлускони се противел, стравувајќи за своето богатство.
Процесот започна во уште во јануари 2007 година, а битката во судот, со невидено медиумско внимание, траеше веќе три години.
Дека ќе побара развод од сопругот, Вероника објавила на насловната страна на весникот „Ла Република”, каде што пишувало: „Збогум Силвио, одлучив, барам развод”.