Популарни ТВ серии од 80-те стануваат дигитални стрипови

Од:

Популарните американски телевизиски серии од 80-те години на минатиот век, како „Пороците на Мајами“, „Панки Брустер“ или „Спасени од ѕвончето“, повотрно ќе и бидат достапни на публиката, но овој пат во форма на дигитални стрипови.

Компаниите „Лион Форџ Комикс“ и „Ен-Би-Си Јуниверсал“ соопштија дека се здржиле со цел да „развијат, напишат, илустрираат и објават“ дигитални стрипови базирани на попуалрните серии од пред 30-тина години.

Стриповите кон крајот на годината ќе бидат објавени преку Ајтјунс, Амазон-Киндл, Коб и Нук. Досега во дигитални стрипови беа трансформирани сериите „Досиеја Икс“ и „Бафи – убиец на вампири“, кои постигнаа забележителен успех на америоанскито пазар.

Би можело да ве интересира

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата