Почнува 6. Скопска недела на дизајн

Од:

„Млади брендови во подем“ е мотото на 6. Скопска недела на дизајн (Skopje Design Week) која ќе почне  денеска и ќе трае до 27 ноември.

Манифестацијата годинава ги акцентира модерниот дизајн и креативниот потенцијал, пред се на младите претприемачи, а земја во фокус е Австрија од каде доаѓаат 28 изложувачи.

Според организаторите, се поставува платформа која ќе ги надгради досега стекнатите организациски и комуникациски искуства. Мотото, пак, треба дополнително да ги поттикне и поддржи локалните дизајнери во нивниот поход кон освојувањето на регионалниот и интернационалниот пазар, но и да им даде самодоверба за повидливо присуство на домашниот пазар.

Главната програма традиционално се задржува на промоција, презентација, едукација, кулинарство и забава. Најавено е гостување на Зоран Једрејчиќ, еден од најуспешните дизајнери во регионот, кој ќе го претстави концептот на Белградскиот саем за мебел, односно новата акција за Дизајн брендови од регионот и нивно директно поврзување со интернационални купувачи и дистрибутери.

Претставена ќе биде и платформата „Балканска дизајн мрежа“, а првпат ќе бидат доделени и награди за најперспективен бренд и за студентски дизајн.

Програмата ќе биде дополнета со две работилници за деца, музички настапи во живо секоја вечер на сцената во „Јавна соба“, како и со кулинарски настани.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски