Познатиот канадско-американски актерски ветеран Кристофер Пламер, почина денеска во 91-та година од животот, јавија светските медиуми.
Неговото семејство соопшти дека тој починал во својот дом во американската сојузна држава Конектикат.
Роден во 1929 година во Торонто, Пламер ја почнал кариерата во театарот во Монтреал, каде добивал главни улоги во кои оставил впечаток. Првата филмска улога ја остварува во филмот „Stage Struck“ во 1958 година, а најпознат е по улогата на нацистичкиот капетан Фон Трап во филмот „Мои песни, мои соништа“ од 1965 година.
Aктерот, кој поради својата уметничка сестраност важеше за миленик на режисерите, во Холивуд во последните децении добиваше улоги на негативец. Тој имаше три номинации за најважната филмска награда „Оскар“, а ја доби во 2012 година, за споредната улога во „Почетници“, со што стана најстариот актер што е награден со вредната статуетка.
Пламер имал три брака, од кои има една ќерка, Аманда Пламер, која исто така е актерка.