На 113-годишна возраст, почина шпанецот Франциско Нунез Оливера, кој се смета за најстар човек на светот.
Тој живееше во неговата родна Бенвенида, во автономниот регион Естремадура. Бил роден на 13 декември 1904 година и имал 10 години кога избувнала Првата светска војна.
Нунез има четири деца, девет внуци и 15 правнуци. Неговата сопруга почина во 1988 година.