Композиција на рускиот композитор Игор Стравински е пронајдена случајно меѓу големиот број нотни записи на Конзерваториумот во рускиот град Санкт Петербург, соопшти управата на оваа институција.
Станува збор за погребна песна, што Стравински ја напишал во 1908 година и досега била изведена само еднаш на концерт на Конзерватотиумот во 1909 година.
– Самиот Стравински ја сметал за една од неговите најдобри дела од раниот период и самиот во повеќе наврати изразувал жалење поради тоа што таа се изгубила, изјави музикологот и експерт за музичкиот опус на Игор Стравински, Наталија Баргуинскаја.
Дванаестминутната композиција на Стравински била случајно пронајдена кога еден од соработниците на Баргуинскаја на еден некаталогизиран нотен запис го забележал името на познатиот композитор.
Оваа погребна песна, Стравински ја компонирал пред балетот „Жар-птица“, кој по изведбата во Париз во јуни 1910 година му донел светска слава.
Досега постоеле верувања дека погребната песна на Стравински намерно била уништена од комунистичките власти по Октомвриската револуција.