По четврти пат од 7. до 16. август ќе се одржи „Струмица опен фест“

Од:

За 20 дена, од 7. до 16. август ќе се одржи најголемата летна културно – забавна манифестација „Струмица опен фестивал 2015“. Претставници на здружението „Културен забавен живот“ кој е организатор на фестивалот и на општина Струмица која е покровител, денеска одржаа прес конференција на која информираа за годинашната фестивалска понуда. Јосиф Христов, претседател на Советот на општина Струмица, рече дека како и минатите години, така и оваа, градоначалникот Зоран Заев и Советот финансиски го подржуваат фестивалот, а годинашната поддршка изнесува 3 милиони денари.

1

– Иако станува збор за четврто издание на оваа манифестација, на наше задоволство, таа веќе станува препознатлив белег за нашиот град и пошироко во регионот кога станува збор за незаборавно фестивалско доживување. Минатата година фестивалските денови беа посетени од над 200 илјади луѓе од земјата и странство, бројка кој охрабрува, но истовремено и го задолжува организаторот секое наредно издание да биде подобро од претходното и многу поразличен од останатите фестивали во државата.  Од 7 до 16 август, односно за тие 10 дена ќе се случат 20 настани на повеќе локации во градот и тоа од областа на театарот, филмот, поезијата, ликовната уметност, фолклорот, ќе има и работилници, обуки, многу награди и бројни изненадувања и секако фестивалот ќе кулминира во последните три дена со многу музика од познати балкански и светски изведувачи и разни жанрови за сите вкусови, вели Христов.

flaersoprograma

– Како и минатите година така и оваа, градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица финансиски ја поддржуваат оваа најголема летна манифестација во нашиот град. Годинава поддршката од општинскиот буџет изнесува 3 милиони денари. Веруваме дека полните хотели, кафулиња, ресторани и продавници и оваа година ќе бидат препознатлива слика за време на фестивалските денови. Се надеваме дека и оваа година организаторот со неговата понуда го направил вистинскиот избор на музичките имиња кои ќе настапат во последните три дена и ќе бидат задоволени вкусовите на сите генерации, со што посетителите ќе ги имаат најубавите десет дена што е и мотото на фестивалот, рече Христов.

Според Гонце Ѓоргиева од здружението „Културно забавен живот“ фестивалската понуда годинава ќе има променета концепција.

mapa1 (1)– Со малку промената концепција оваа година, но со својата разноликост се надеваме дека вистински ќе  ги ставиме на тест нашите организациски способности, но на тест ќе биде и гостопримството на струмичани. Големите ѕвезди кои доаѓаат во Струмица ќе привлечат голем број гости од земјава и странство, а меѓу нив ќе предничат младите, рече  Ѓоргиева.

Во музичкиот дел на четвртото издание на „Струмица опен фест“ ќе настапат Трио гранде, Јупитер, Либеро, Кристина Арнаудова, Слаткаристика, Данијела Мартиновиќ, Тропико бенд, Харис Џиновиќ, Петар Грашо, Mossel,TOM NOVY, R3HAB.

Дополнителни информации за четвртото издание на „Струмица опен фест“ можат да се добијата на официјалната веб страница на фестивалот www.sof.mk

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски