Глумецот Питер Галагер е новото познато лице во претстојната сезона на „Вовед во анатомија“, како д-р Алан Хамилтон.
Во приказната се враќа и глумицата Кејт Бартон, чијшто лик почина претходно. Засега не се соопштува како раскажувачите тоа ќе го изведат, но се знае дека тоа е во контекст на новиот лик на Галагер, кој меѓу другото, е и познаник на главниот лик Мередит Греј (Елен Помпео).
Новата, 18-та сезона од серијата ќе се прикажува од 30 септември оваа 2021 година.
Галагер, инаку, вчера го прослави 66-от роденден.