Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Од:

Лично писмо на неодамна починатата англиска кралица Елизабета Втора е продадено на аукција во Германија за 8.300 евра, објавија организаторите.

Единствено што се знае за купувачот е дека станува збор за жена која живее во странство.

Писмото е продадено на аукција организирана од аукциската куќа „Eppi“ во Штутгарт, пренесуваат медиумите во регионот.

Писмото е адресирано до германската возачка Ета Плеш, родена како Марија Грефин фон Вурмбранд-Штупах, чии коњи двапати победија на престижната трка Епсом Дерби во Англија.

Кралицата ѝ пишува на „драгата г-ѓа Плеш“ дека е „воодушевена од прекрасната слика на коњ“ на нејзиното летно одморалиште во Сандрингам, „која ја добив од вас и г-дин Плеш за Божиќ“.

Фердинанд Бенедикт Еплеј од аукциската куќа рече дека очекувал две групи луѓе да бидат заинтересирани за писмото.

Аукцијата започна со цена од 2.600 евра.

„Има ентузијасти кои бараат поштенски пратки со интересна историја или од истакнати испраќачи, а има и обожаватели на британското кралско семејство“, изјави тој за dpa пред аукцијата.

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Околу 250.000 луѓе го посетија ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска

Одвај го издржаа денот: Кралот Чарлс на работ на солзи, заплака и Меган, Хари изостана од погребниот говор

А1он

Уште еден инцидент на погребот на кралицата: Поминуваше ковчегот, а маж се обиде да скокне преку безбедносната бариера

А1он

Од минута во минута: Погребот на Кралицата Елизабета

Ана Ололовска

Што има на ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска