Група граѓани на САД поведоа петиција на Change.org против напливот на вести за Меган Маркл и принцот Хари. Истата е насловена „Меган Маркл и ’само’ Хари, ве молиме, престанете да го преплавувате американскиот печат“.
Собирањето потписи се однесува на тоа што принцот Хари јавно се откажа од својот кралски статус, па посака да го нарекуваат „само Хари”.
Авторите на акцијата обрнаа внимание и на засилената активност на Меган Маркл и нејзиниот сопруг во време на претседателската кампања во САД, односно на зачестените нивни коментари за актуелни собитија. Пред извесно време се појавија и гласини дека Маркл планира своја политичка кариера…
Освен тоа, откако се насели во Лос Анџелес, двојката почна да учествува во благотворни настани во овој американски град. Но, според авторите на петицијата, добрите нивни намери се сомнителни.
Парадоксот, подвлечен во интернет-документот, е тоа што Меган и Хари го напуштиле Обединетото Кралство зашто сакале да избегаат од постојаниот притисок на печатот, а сега, со умисла предизвикуваат интерес во јавноста за себе.
Бројот на потписници на петицијата надмина 1.125 луѓе.
Овој месец се појави и податокот дека Меган Маркл подготвува нов проект во Холивуд.