Пекиншкиот човек бил прекрасен градител

Од:

Пекиншкиот човек, древен предoк на современот човек носел облека и бил прекрасен градител.

Научниците успеаjа да го реконструираат начинот на живот на овие древни луѓе кои се населуваа во подрачјето на денешен Чоукудијан близу Пекинг во периодот од 750.000 до 200.000 години пред нашата ера.

Тие поточно откриле дека тие користеле животинска кожа омекната со камени алати за изработка на облека. Знаеле да напrават оган и правеле дупки во поголем број предмети за сега непознати причини.

Истражувачите на кинеската Академија на науките објавија дека се пронајдени дури и три илјади години стара „дневна соба“ во пештера со огниште.

Чен Шен, кустос на Музејот во Торонто и посебен член на академијата рече дека припадниците на тој народ дури правеле и копја.

Кинескиот пештерски систем е едно од најважните палеолитски наоѓалишта кои се некогаш откриени.

Археолозите ископале над илјада камени алатки и стотина фрагменти на коски од 40 луѓе меѓу 1921 и 1966 година. Подоцна утврдено е дека станува збор за видот Homo erectus.

Оригиналните фосили на Пекиншките луѓе исчезнале во 1941 година во транспортот за САД.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он