Патнички авион принудно слетал поради кобра во пилотската кабина: „Почувствував нешто ладно како ми лази по грбот“

Од:

Јужноафрикански патнички авион принудно слета на аеродромот во градот Велком откако пилотот забележал кобра како лази и се крие под неговото седиште.

Според Би-Би-Си, пилотот Рудолф Еразмус не ја забележал кобрата се додека авионот со кој управувал не бил на надморска височина од три километри.

„Да бидам искрен, не регистрирав што се случува. Чувствував нешто ладно како лази по кошулата на мојот грб, помислив дека не го затворив правилно шишето со вода и дека можеби капе по мојата кошула. Кога се свртев и погледнав долу, видов дека гледам кобра како лази и исчезнува под седиштето“, рече тој.

Британскиот јавен сервис наведува дека каснувањето на „кејп“ кобрата е смртоносно, и може да доведе до смрт за само 30 минути.

„Кога ја видов, тоа беше момент кој влева стравопочит. Бев толку исплашен што змијата можеше да отиде во задниот дел и да предизвика паника меѓу патниците. Ги информирав: „Слушајте, змија има во авионот, под моето едиште, па ајде да се обидеме да се спуштиме на земја што е можно поскоро. Можеше да се слушне паѓање на игла, мислам дека сите се смрзнаа на минута или две“, рече Еразмус.

Тој додаде дека пилотите се обучени за многу непредвидени сценарија, но тоа не вклучува средба со отровна змија во пилотската кабина.

Комесарот за цивилна авијација на Јужна Африка, Попи Кос, рече дека Еразмус покажал „голема вештина што спасил животи во авионот“, но Еразмус рече дека не се чувствува посебно за тоа што го направил.

„Малку е претерување. И моите патници исто така останаа мирни“, рече тој.

Според Би-Би-Си, присуството на змијата, иако шокантно, не било тотално изненадување, бидејќи двајца вработени кои работат во аеро-клубот Ворчестер од каде полетал авионот, рекле дека претходно ја забележале змијата како се крие под авионот. и дека се обиделе да „фатат“, но безуспешно.

Еразмо рече дека се обидел да ја пронајде змијата пред да се качи во авионот со своите патници, додавајќи дека не ја видел, што ги навело него и патниците да претпостават дека си заминала.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Авион принудно слета во Белград поради тепачка меѓу патници, мораше да реагира полицијата

Горан Наумовски

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Русија го попречила сателитскиот сигнал на авионот во кој патувал министерот Шапс, тврдат Британците

Авион полн со патници почна да губи висина, голем број повредени

Горан Наумовски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници