Според најновото истражување на организацијата „Фридом Хаус“ нивото на слободата на Интернет во 2014 година бележи значителен пад откако голем број земји воведоа нови закони со кои се криминализираат одредени содржини и активности на Интернет.
Организацијата изразува загриженост дека таквите закони може наскоро да се прошират и на други држави, што во крајна мера ќе резултира со глобални ограничувања на Интернет.
Истражувањето спроведено од мај 2013 до мај 2014 година утврдено е дека вкупно 41 држава во светот вовеле нови и построги закони, што значително ја ограничуваат слободта на говор на Интернет, го зголемуваат нивото на државна контрола или можноста за надзор на Интернет.
Во 38 држави низ светот се регистрирани полициска апсења поврзани со прашањето за слобода на говор на Интернет. Русија и Виетнам донесоа нови закони со кои се пропишува отстранување на „екстремистички“ содржини од Интернет без судски налог.
Откривањето на широката програма за надзор на американската агенција НСА, послужи како изговор за голем број држави да започнат или ги унапредат своите програми за надзор и контрола на Интернет.
Некои држави донесоа закони со кои се пропишува дека сите податоци за нивните државјани мора да се чуваат локално на територијата на државата.