Отворена полициска истрага за снабдувањето со дрога на Пичис Гелдоф

Од:

Британската полиција соопшти денеска дека отворила формална истрага за смрта на Пичис Гелдоф, околу тоа како се снабдувала со дрога.

Претставник на полицијата во англиската провинција Кент, каде живееше и умре ќерката на поранешната ирска поп звезда Боб Гелдоф, изјави дека Пичис „најверојатно“ починала од предозираност со хероин.

Според неговото објаснување, полицијата сега е насочена кон откривањето на оние кои ја снабдувале со хероин, но тој потврди дека до овој момент се уште никој не е уапсен.

Коронерската истрага, што беше отворена денеска за смрта на младата Гелдоф, беше одложена за крајот на јули, до кога се очекува да се обезбедат сите потребни докази што засега ги нема ниту полицијата.

Пичис Гелдоф (25) беше најдена мртва во нејзината куќа во Кент на 7 април. Мртвото тело го откри нејзиниот сопруг кој дошол дома, по повеќе неуспешни обиди да се чуе со неа по телефон.

Во нивниот дом таа била заедно со нивното 11 месечно дете. Не беше тајна дека младата Гелдоф зема дрога, но нејзиното семејство и пријателите тврдеа дека таа се откажала од дрогата, по раѓањето на нејзиното второ дете.

Лондонските весници се сомневаат дека „предозираноста“ со херион можеби била намерна, па дека Пичис не починала по грешка, туку дека извршила самоубиство.

Сомневањето во самоубиство се објаснува со тоа што таа се почесто зборувала и пишувала за својата покојна мајка, Пола Јеитс која се самоуби пред 14 години, како и дека сцената на смрта многу наликува на онаа во која беше најдено мртвото тело на нејзината мајка.

Јеитс која беше радио и ТВ водителка и писател, се самоуби од преголема доза хероин, во 2000 година, во својот стан во Лондон.

Во тој момент со неа било само нејзиното четиригодишно дете од вториот брак на Јеитс.

Таа се самоуби по долгата криза во која се наоѓаше, откако се самоуби нејзиниот втор сопруг.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он