Отворање на NOKIA лабораторија за мобилни технологии на ФИНКИ

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ќе присуствува на свеченото отворање на NOKIA лабораторијата за мобилни технологии, во СМАРТ центарот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Покрај министерот Ивановски, на прес-конференцијата ќе се обратат и деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов, како и Дариус Залевски од NOKIA и Вацлав Мач од Microsoft.

Оваа лабораторија, е прва од ваков вид која NOKIA ја отвара на Балканот. Лабораторијата ќе им овозможи на студентите и професорите на ФИНКИ пристап до најновите технологии на NOKIA и на Microsoft кои се едни од водечките компании во областа на мобилните и информациските технологии.

На овој настан ќе бидат промовирани можностите кои се отвараат за студените на ФИНКИ за пристап до: Windows Phone екосистемот,developer.nokia.com порталот, Nokia Developer премиум програмата, Marketing in a Box програмата, AppCampus акцелератор програмата за развој на мобилни апликации финансирана од Nokia и Microsoft како и Nokia Ad Exchange програмата.

Исто така ќе бидат презентирани и можностите кои ги нуди Microsoft како поддршка за локален развој на софтвер во регионот на Централна и Источна Европа, Истражувачко развојните активности на Microsoft и поддршката за Dev Center програмата како и презентација на алатките кои се достапни за факултетот како и за StartUp компаниите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Падна Gmail: Корисниците ширум светот пријавуваат проблем

Ана Ололовска

Осум лица осудени во Германија за овозможување илегална работа на интернет сајтови

А1он