Откријте како ќе изгледате по десет години пиење алкохол

Од:

Доколку сакате да видите каков ефект врз вашето лице и вашиот изглед има количината на алкохол, која дневно ја конзумирате, тоа можете да го сторите со помош на апликацијата Дринкинг Мирор.

Таа е достапна и бесплатна и на андроидите и на ајфоните, а претходно оваа година беше создадена како дел од кампањата на шкотската Влада во борбата против алкохолизмот меѓу жените, Drop a Glass Size. Апликацијата ви овозможува да се фотографирате, да впишете дневно во просек по колку алкохолни пијалоци внесувате, а потоа да видите како ќе изгледате за десет години.

Иако во некои случаи резултатот може да биде малку претеран, ова во секој случај е добра тактика за намалување на количината на внесен алкохол, кај оние кои многу пијат.

Врската меѓу здравјето и алкохолот не е сосема јасна, особено доколкусе земат предвид истражувањата во кои се тврди дека во мали количини алкохолот е добар за здравјето.

Дерматолозите, пак, тврдат дека испуканите капилари немаат врска со пиењето, но никој не порекнува дека поради премногу алкохол кожата може да дехидрира и да биде уморна.

Би можело да ве интересира

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол