Касија Галанио (45), поранешна принцеза на Катар, беше пронајдена мртва минатата недела во нејзиниот дом во Марбеља.
„Мејлонлајн“ откри дека Касија Галанио наводно и испратила видео на својата чистачка Теодора Пома непосредно пред да почине, на кое се гледаат кеси со облека што сакала да и ги подари.
Пома (43), родена во Боливија, сега верува дека Касија можеби го направила овој гест за да се збогува со неа, знаејќи дека можеби ќе си го одземе животот.
Поранешната принцеза исто така, побарала од неа и еден нејзин колега да дојдат и да го исчистат нејзиниот стан на седмиот кат во луксузното шпанско одморалиште Пуерто Банус во близина на Марбеља.
Но, кога Пома се обиде да одговори на нејзината порака и да потврди дека имаат договор да дојдат во понеделник оваа недела, таа не добила никаков одговор. Таа сега верува дека тоа е затоа што додека стигнала пораката на принцезата, таа веќе била мртва.
Според пишувањата на „Мајлонлајн“, кучето на поранешната катарска принцеза по име Хани било со неа кога умрела. Кучето сега им е вратено на нејзините ќерки. Постои сомнеж дека таа починала како последица од предозирање.
Пома рече дека Касија Галанио отишла во Париз во април оваа година за да се бори за старателството над нејзините три ќерки – две 17-годишни близначки и 15-годишно девојче.
Сепак, францускиот суд одлучи девојчињата да останат во Франција, каде што живее нивниот татко милијардер, откако наводно слушнале дека Галанио е подложна на нервни сломови и дека посетувала клиники за детоксикација за да се справи со алкохолизмот.