Откриен локалитет каде што бил жртвувани 140 деца во Перу

Од:

Археолозите пронашле докази за најголемиот случај на жртвување на деца на локација во северен Перу. Експертите кои раководеле со ископувањето откриваат дека на местото Лас Љамас се пронајдени костури на 140 деца кои имале помеѓу 5 и 14 години, кога биле церемонијално жртвувани пред 550 години.

На истото место се пронајдени и коски од животни, 200 млади лами кои очигледно биле жртвувани истиот ден. Гробницата се наоѓа во близина на денешниот град Трухиљо.

Анализите покажуваат дека децата и животните биле жртвувани со верување дека тоа ќе ги смири поплавите, кои во тој период биле разорни.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу

ВИДЕО: Разорен земјотрес од 7,2 степени според Рихтер го погоди Перу

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните