Американски научници денеска објавија дека е пронајден досега непознат фосил на древен примат, кој бил толкумал што неколку од нив би можело да се соберат во раката на денешниот човек.
Фосил на предок на човекот, стар 55 милиони години, е откриен во централниот дел на Кина. Тоа е еден од првите примати што овозможува научниците подобро да ја разберат комплексната еволуција на човечките суштества.
Малиот примат бил со должина од пет сантиметри и тежина од триесетина грама. Ова откритие овозможува подобро да се разбере кои биле директните биолошки предци на човекот и нивното однесување, се наведува во студијата објавена во магазинот „Нејчр“.
– Тоа најверојатно е нашиот најблизок предок, изјави научникот Кристофер Берд, нагласувајќи дека ова откритие е најблискиот доказ до човековите предци.
Откриениот примат припаѓа на групата во која се луѓето, мајмуните и лемурите.